Поврзете се со нас

Италија

Ди Лоренцо им одговори на медиумите кои го елиминираа од дербито со Јувентус

Објавено

на

foto:twitter.com/en_sscnapoli

Џовани Ди Лоренцо реши лично да одговори на медиумските написи дека е повреден и може да го пропушти дербито на Наполи со Јувентус.

Наполи и онака има проблеми на бековските позиции, па отсуството на капитенот би бил голем удар за тимот на Валтер Мацари, но очигледно медиумите не се добро информирани за состојбата на Ди Лоренцо.

Фудбалерот преку социјалните мрежи објави фотографија на која е насмеан и тренира со соиграчите.

– Ова е одговор за сите тие кои велат дека сум повреден, – напишал Ди Лоренцо на Инстаграм стори.

Дербито Јувентус-Наполи е закажано за во петок навечер од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни