Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ди Лоренцо: Барселона е силен тим полн со шампиони, се е отворено за пласман во четвртфиналето

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона беше подобра и поконретна на соочувањето со Наполи, но и ова не беше доволно со победа да го заокружи соочувањето на „Диего Армандо Марадона“ во осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

Домаќините со еден шут во рамките на голот се изборија за реми кое дефинитивно ќе им донесе самодоверба дека со добар настап во реваншот можат да обезбедат пласман во четрвтфиналната фаза.

-Тоа беше добар настап против силен тим кој е полн со шампиони. Видовме дел од она што успеавме да го пробаме на тренинзите вчера, бевме солидни и тоа е важна почетна точка. Натпреварот го подготвувавме во една и пол сесија, но тимот  беше на располагање. Мора да направиме повеќе, но направивме мал чекор напред и двомечот е отворен, -истакна капитенот Џовани Ди Лоренцо.

-Осимхен е шампион и се врати со правилен начин на размислување. Ќе ни подаде рака, како што ќе ни подадат Симеоне и Распадори, сега тренерот има многу опции за избор. Сè е широко отворено, важно беше да се добие реми. Пласманот во четвртфиналетото е важн за сите, за нас, за клубот и за навивачите. Ќе дадеме се од себе за да исфрлиме силен противник, -додаде италијанскиот репрезентативец.

Реваншот на „Монжуик“ е закажан за 12 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни