Поврзете се со нас

Италија

Ди Ливио знае кој е идеална замена за Алегри: Тој би трчал да се врати во Јувентус

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус веќе некое време игра лошо во домашниот шампионат и губи бодови скоро на секој натпревар против противници кои претходно ги добиваше.

Засега „старата дама“ е на третата позиција со 59 бода, поточно има пет повеќе во однос на четвртпласираната Болоња и плус осум во однос на препородената Рома под водство на Даниеле Де Роси. До крајот на шампионатот има уште девет кола и се може да се случи, односно тренерот Масимилијано Алегри мора да биде внимателен и да ја врати екипата на победнички патеки.

Веќе има одредено незадоволство кај навивачите како од резултатите така и од играта, но и од легендите како што е Анџело Ди Ливио кој имаше што да каже и за играчите.

-Она за што можеме да се жалиме овде е дека тимот се откажа веднаш по поразот од Интер и тоа според мене не е во ред. Втората полусезона за Јувентус има резултатите за тимот за испаѓање, тоа е неверојатно. Мораме да ги вратиме сите добри работи што ги кажавме за овој тим во првиот дел. Вистина е дека можеме да му се лутиме на Алегри поради многу работи, но на крајот од денот ќе се вртат глави и тие ќе бидат оние на играчите. Многу од нив не се однесуваат како што треба и треба да откриеме зошто сите се толку раздразливи, -истакнува Ди Ливио кој за идеален наследник на Алегри го смета Антонио Конте.

-Би го донел Конте, тоа е негов приоритет и тој би трчал да се врати во овој клуб, -истакна некогашниот италијански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни