Поврзете се со нас

Италија

Ди Ливио: Ова не е фудбал…

Објавено

на

Додека се прават последните подготовки и се официјализираат датумите за кам-бекот на фудбалот во Италија, некогашниот репрезентативец на оваа земја, Анџело Ди Ливио даде свој коментар за целата оваа ситуација и како овој спорт (ќе) изгледа во ерата на коронавирусот.

-Вие не можете да бидете смирени, а играчите не се. Вие организирате патување без да имате контакт со други луѓе, на теренот не можете да се прегрнете со вашите соиграчи, не можеш да славиш, ама тука е физичкиот контакт.

-Мора на правилен начин да ги правите работите. Ние сме во аут, но оние кои се на должност ќе мора да бидат навистина добри. Повеќе од кое било друго време.

-Минатата ноќ гледав натпревар по два месеци и тоа беше знак. Може да се каже, тие играа со два километра на час, без публика кога во други периоди ќе беше распродадена. За мене, имаше малку емоции.

-Мораме да започнеме повторно и тоа ќе го направиме и без публика, но тоа не е фудбал. Видов и многу транспаренти против продолжување, фановите се против тоа и ги разбирам. Но, ние се обидуваме да го поминеме моментот, -истакна Ди Ливио кој во најдобрите свои времиња играше во Јувентус и Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни