Поврзете се со нас

Италија

Ди Канио за потегот на Влаховиќ: Тоа го прават само мали играчи

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус ја прекина серијата на нерешени натпревари во Серија А со славје над Џенова со 3-0 во средбата која се играше зад затворени врати поради казната за домашниот тим.

„Старата дама“ конечно го доби Душан Влаховиќ кој проработи и по пауза од еден месец даде два гола исто како претходно што го направи на соочувањето со Верона.

Србинот доста беше критикуван и овие два погодоци како да го ослободија, па дури и испрати порака при славјето, прослава која и сам ја објасни, прослава за која свој коментар имаше Паоло Ди Канио.

Влаховиќ за специфичната прослава: Луѓето сакаат да зборуваат…

-Тоа го прават само мали играчи. Тој е одличен фудбалер, но докажува дека сè уште не е голем играч кога ова го прави. Само велам дека не е однесување на некој голем играч. Тој постигна пенал и тоа е во ред; постигнувањето голови никогаш не е лесно, а потоа уште еден. Ама го направи против Џенова, најпроблематичната екипа во лигата, и тоа зад затворени врати. Не даде два гола против директен ривал, во секој случај би било погрешно, но би имало друга вредност.

-Носи дрес кој е важен. Не игра за Пинето; тоа е случајно име; во спротивно, луѓето се навредуваат. Тој игра за Јувентус, а го викаат Влаховиќ. Дај два гола против директните противници. Тогаш можеш да бидеш арогантен, но со две вакви [топки] нешта, не против Џенова зад затворени врати, малку повеќе од пријателски, -порача Ди Канио за „Скај Спорт Италија“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни