Италија
Ди Канио за Леао и Ернандес: Во мое време ќе беа залепени за ѕид и удрени со тупаници
Рафаел Леао и Тео Ернандес се најдоа на удар по дербито меѓу Лацио и Милан кое се одигра изминатиов викенд, не поради некој лош потег на тернеот, туку поради однесувањето за време на минутата одмор за освежување.
Во моментите кога судијата даде знак за 60-секундна пауза, Леао и Ернандес останаа на другата страна од теренот и комплетно ги изигнорираа инструкциите од тренерот Пауло Фонсека, но со таквата постапка покажаа непочитување и кон своите соиграчи.
Ваквиот однос им донесе низа критики во италијанската јавност и се јавија неколку поранешни играчи на Милан, но убедливо најдиректен е Пауло Ди Канио како легенда на Лацио распали по скапите ѕвезди на „росонерите“.
– Слушам дека некои се обидуваат да ги бранат, велејќи дека тие се уште се незрели и имаат за учење. Видете вака, Милан издвојува 9 милиони евра годишно за нивните плати, а тие го прават тоа……
– Дури и да се случи вакво нешто на натпревар со колегите од работа, ќе ги викнете да пријдат и ќе побарате да ви помогнат. Ќе го направите тоа и во ситуација кога плаќате за термин по 10 евра за теренот.
– За мене тоа што го направија е срамно. Да беше ова во мое време, тренерот или капитенот ќе ги залепеа за ѕид и ќе ги удираа со тупаници. Тоа што го направија е ужасно, – потенцира Ди Канио.
-
Лига на шампионипред 23 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Светпред 22 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Шпанијапред 20 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Светпред 19 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Светпред 12 часа
Јасикевичиус го потврди трансферот на Марјановиќ: Сакаме Бобан да биде Бобан
-
Англијапред 11 часа
Гол шоу на „Олд Трафорд“: „Седумка“ на Јунајтед во Лига Купот
-
Лига на шампионипред 21 час
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Балканпред 16 часа
Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата