Поврзете се со нас

Италија

Ди Канио со критики за Влаховиќ: Му недостасува фудбалска интелигенција

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Паоло Ди Канио не се штедел во последното интервју за „Тутоспорт“ и испорачал сериозни критики за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец никако не може да ја постигне формата со која настапуваше во Фиорентина, а на последните средби предност во првиот тим на „бјанконерите“ добиваше Моисе Кеан. Ди Канио смета дека Влаховиќ мора да се разбуди и да почне да го испорачува тоа што се очекува од него.

– Ако не успее во Јувентус, тогаш тоа е 75 проценти негова вина.

– Без разлика колку си фрустриран, мора да ги користиш шансите, мора подобро да ги менаџираш ситуациите во кои можеш да постигнеш гол.

– Јасно е дека во Јувентус има поголем притисок, но чувствувам дека има одредени слабости, му недостасува потребната фудбалска интелигенција. Не велам дека не е добар фудбалер и дека не може да игра за Јувентус, но мора да ги прави работите на поедноставен начин, мора да покаже дека се снаоѓа и во најтешките ситуации, – истакнал Ди Канио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни