Поврзете се со нас

Франција

Ди Канио со критики за француската ѕвезда: Мбапе е размазен и непристоен

Објавено

на

Иднината на Килијан Мбапе и натаму е неизвесна и тешко може да се претпостави што ќе се случи со фудбалерот чиј договор со ПСЖ истекува следното лето.

Францускиот првак сака да го продаде Мбапе ова лето, доколку тој остане на ставот дека нема да го продолжи договорот, но напаѓачот засега не брза со таа одлука.

Поранешниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио, во својата последна изјава за медиумите испратил многу критики на сметка на Мбапе, тврдејќи дека однесувањето на Французинот е несериозно.

– ПСЖ сам се стави во ваква позиција бидејќи го разгали Мбапе, па сега мора да ја лимитираат штетата.

– Не дека клубот не правел грешки, но целата ситуација во моментов е актуелна поради непристојноста и разгаленоста на Мбапе. Тој е крајно непристоен, минатото лето ја искористи позицијата во своја корист и сега го прави истото, заканувајќи се дека ќе замине без отштета.

– Навистина е штета што Мбапе се однесува вака, иако веќе има заработено 200-300 милиони евра. Да не заборавиме дека не може да ги купи почитувањето на фановите и клубовите ни со 2 милијарди евра, – рекол Ди Канио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни