Поврзете се со нас

Италија

Ди Канио излезе со појаснување за својата аудио снимка во која го понижува Мурињо: Треба да сте луд….

Објавено

на

Една аудио снимка од Паоло Ди Канио стана вирален хит на Апенините во деновите кога Жозе Мурињо беше топ тема и беше претставен како нов тренер на Рома, а две седмици по ова случување, легендарниот напаѓач имаше јавно објаснување за оваа необична епизода.

Иако снимката беше проследена во јавноста без негово знаење, Ди Канио потенцира дека стои зад сите зборови кои ги употребил во тој момент, бидејќи навистина смета дека Жозе Мурињо е далеку од нивото кога важеше за најдобар тренер во светот.

– Кога Рома го потврди Мурињо, добив 300 пораки од мои пријатели кои се фанови на Рома. Слушав само нивни вресоци, ништо повеќе. Ја кажав вистината во таа аудио снимка што стана вирална во јавноста.

– Жозе направи многу грешки во изминатите години. Да, тој освои се со Интер, но тоа беше пред 10 години и повеќе. Некои од моите пријатели кои навиваат за Рома, веќе мислат дека ја освоиле триплетата.

– Сфаќам дека не е добро за некој да оди против Мурињо, но треба да сте луд за да кажете дека тој бил добар во последно време. Мурињо заработи неколку откази поради лоши резултати и поради тоа што ги растури соблекувалните, направи поделба меѓу играчите. Ви велам, Мурињо не е оној стариот, – тврди Ди Канио во гостувањето во „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни