Поврзете се со нас

Италија

Ди Канио без влакна на јазикот: Мурињо е готов, Рома го доби најлошиот од најлошите

Објавено

на

Жозе Мурињо од наредната сезона седнува на клупата на Рома каде ќе има задача да го врати клубот при врвот во Серија А, односно редовно да настапува во Лигата на шампионите.

Дали ќе успее во таа задача ќе покаже времето, добар дел од јавноста го поздрави неговото враќање на Апенините, некои веруваат дека во Рома ќе може да си ја врати кариерата, реномето со оглед на лошите епизоди во последните клубови, но има и такви кои веруваат дека „волчицата“ направила катастрофална грешка.

Некогашкиот член на Лацио, Јувентус, Милан и Наполи, Паоло Ди Канио смета дека Португалецот е готов и дека е најлошиот од најлошото.

-Го добите најлошиот од најлошите. Разбирам дека ви е потребно големо име во моментов, но тоа е како кога носите играч кој е готов. Мурињо сакаше само работа со пари, по третпат е отпуштен во последните четири години, исфрлен од секаде поради некомпатибилноста на неговиот карактер, претходно беше добар само во тоа, имаше карактер.

-Сега Тотенхем му даде клоца  поради неговите резултати и неспособност да го однесе тимот на друго ниво по две години со сите потрошени пари. Имајќи ја предвид околината околу Рома, тој е во ред, можеби очекувате кој знае што, ама јас ви велам е најлошиот од најлошите. Тој е готов на секој можен начин.

-Тој дури и не игра фудбал, тој игра анти-фудбал. Можеби ќе уживате на неколку прес-конференции, бидејќи контроверзноста придонесува за добар театар, но дозволете ми да ви кажам: да реконструираш тим, Жозе е најлошиот што може да го добиеш.Ова можам да ви го кажам затоа што до пред седум години беше мој фаворит, дури повеќе од Пеп Гвардиола, -истакна Ди Канио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни