Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ди Грегорио за извонредната одбрана во дуелот со Халанд: Не знам како ми успеа тоа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Јувентус се покажа како цврст орев на домашен терен и повторно одигра натпревар на кој не прими гол, а тоа беше главна задача која ја постави Тиаго Мота во увертирата за дербито против Сити.

Цврстината пред својот гол се покажа како клучна за победата од 2:0, но покрај стрелците Влаховиќ и МекКени, одлучувачки фактор во важниот триумф беше и Ди Грегорио.

Голманот на Јувентус режираше импресивна одбрана во првото полувреме при резултат 0:0, кога одлично се снајде во директен дуел со Ерлинг Халанд.

Норвежанецот реагираше лукаво и се обиде само да ја префрли топката преку голманот, но Ди Грегорио се рашири како октопод и успеа да режираше извонредна интервенција.

– Ако бидам најискрен, реагирав инстинктивно. Навистина не знам како ми успеа тоа, не знам како успеав да ја одбранам топката, – изјави Ди Грегорио.

– Најважна е целокупната слика на тимот, а не само мојата одбрана. Сон на секое дете е да игра во Лигата на шампиони, а кога играте против тим како Сити, работите стануваат уште поспецијални. Навистина сум многу возбуден и среќен за победата, – дополни голманот на Јуве.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни