Поврзете се со нас

Италија

Ди Франческо испадна од елитата, но повторно доби ангажман од нов член во Серија А (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Frosinone1928

Фрозиноне на Еузебио Ди Франческо на драматичен начин испадна од Серија А, но разочарувачкиот резултат сепак не влијаеше целосно негативно врз неговата кариера ако се суди по информацијата која пристигна денеска.

Поранешниот тренер на Рома бележи доста полоши тренерски моменти по заминувањето од „Олимпико“, но и натаму е доволно популарен за да биде дел од елитата.

Испаѓањето од Серија А не значи дека ќе води тим во Втора лига, а за такво нешто се погрижи Венеција која реши да го ангажира за новата сезона.

Ди Франческо потпишал двегодишен договор со повратникот во Калчото, сето тоа откако во Венеција се ослободи местото кое го пополнуваше Паоло Ваноли.

Ваноли се избори за промоција во Серија А изминатава сезона, но на стартот на месец јуни беше ангажиран од Торино за новата сезона во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни