Девет шахисти го делеа врвот, Станојоски го освои пехарот

zvonko stanojoski pehar skopje open 2017

Традиционалниот турнир во забрзан шах (15 минути за игра плус 5 секунди за потег)„Отворено првенство на Скопје“ донесе неверојатно изедначен пласман на врвот, каде што девет шахисти имаа освоено по 7 бода во 9 меча, но пехарот му припадна на Звонко Станојоски.

Во последното коло, како водечки влегоа Станојоски, Динев, Данчевски и Јаќимовиќ со по 6,5 бода, но во меѓусебните дуели што следеа избраа брза поделба на поенот, со што оставија простор за останатите да ги стигнат. На тој начин, борбеноста во последното коло им донесе бенефит на Дејан Стојановски, Филип Панчевски, Александар Кралевски, Дејан Ѓорѓиески и Тони Лазов, кои со победа во финишот им се приклучија на врвот.

Во „фото-финиш“ како првопласиран беше издвоен Звонко Станојоски, пред Дејан Стојановски и Дејан Динев. на турнирот учествуваат 130 играчи, а беа доделени и специјални награди за најдобра шахистка и најдобар млад шахист, кои ги освоија Моника Стојковска и Филип Михов.

monika stojkovska open skopje 2017

filip mihov skopje open 2017

Facebook Коментари