Поврзете се со нас

Шпанија

Девет имиња: Кој може да го наследи Чави на кормилото на Барселона?!

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Чави Ернандес одлучи дека е време за разделба со Барселона или поточно тоа ќе го направи по крајот на оваа сезона.

По поразот од Вилјареал од 5-3, шпанскиот стратег и легенда на клубот соопшти дека си заминува од функцијата на која е од 2021 година. Барселона има добра натпреварувачка 2022/2023 во која беа освоени пехари во Примера и Супер Купот на Шпанија, но оваа кампања е тешка, екипата веќе остана со празни раце во две натпреварувања, веќе сериозно заостанува во Примера, а голем знак прашање е дали реално може да се надева на нешто повеќе во Лигата на шампионите.

Останува да се види што ќе се случува до крајот, а во меѓувремено медиумите лицитираат со имиња за тоа кој би го наследил Чави на жешкото столче. Сигурно многу ќе се говори на оваа тема, ќе има доста шпекулации се додека не се официјализира наследникот, но според „Гол“ во најтесниот круг се девет имиња, поточно меѓу нив може да се побара предводникот на шпанскиот великан.

Тоа се Тиаго Мота која ја води Болоња, Ханси Флик кој е слободен во моментов, потоа Микел Артета од Арсенал. Жозе Мурињо (слободен), Роберто Де Ѕерби од Брајтон, Мичел од Џирона, Томас Тухел (Баерн Минхен), Јирген Клоп кој ќе биде без ангажман по оваа кампања и Рафа Маркез кој ја води Барса Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни