Поврзете се со нас

Свет

Девет ѕвезди кои можат да завршат во Саудиска Арабија во зимскиот преоден рок

Објавено

на

foto:twitter.com/Squawka_Live

Саудиска Арабија станува се популарна дестинација за голем број на фудбалери и сигурно тоа ќе биде така и во иднина се додека има високи пари, заработувачка која некои играчи веќе не можат да ја добијат во Европа освен ако не играат во Премиер лигата.

И во зимскиот преоден рок сигурно ќе има фудбалери кои ќе се преселат на блискиот Исток, па британскиот медиум „Сан“ излезе со една листа од девет играчи кои би можеле за кратко време да ги видиме на таа дестинација.

На листата има и мега ѕвезди за кои реално ако гледаме тешко дека би заминале во Саудиска Арабија во јануари, ама многупати во фудбалот сме се убедели дека едноставно ништо нема невозможно и се е отворно.

Како потенцијални засилување за арапските клубови се споменуваат Мохамед Салах, Килијан Мбапе, двајца фудбалери за кои и во минатото имаше вакви муабети, шпекулаци, но останаа во Ливерул и ПСЖ.

Тука се уште Џејдон Санчо, Рафаел Варан, Лука Модриќ, Касемиро, Уго Лорис, Томас Парти и Тиаго Алкантара за кои дефинитивно е пореално да ги видиме надвор од Европа за брзо време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни