Деулофеу: Созреав, сега повеќе сум…

Gerard Deulofeu

Крилниот шпански напаѓач, Жерард Деулофеу во текот на летниот преоден рок се врати во својот матичен клуб Барселона каде добро ги користи своите минути од тренерот Ернесто Валверде.

Тој добива поголема можност за докажување и поради повредата на Усман Дембеле, но 23-годишниот Деулофеу е убеден дека има се што му е потребно за да биде дел од гигантот од „Камп Ноу“.

-Кога дојдов во Барселона како дете бев луд за фудбалот и сакав да дојдам до првиот тим. Во мојот случај јас го сакав Роналдињо. Морав да ги користам предностите и да работам напорно секој ден за да го кренам моето ниво и да ги постигнам моите цели, -рече Жерард и додаде:

-Тоа што бев во други тимови и ги слушав тренерите ме направија позрел и да размислувам за тоа што се случува. Тоа ми помогна многу да се променам како личност зошто кога бев помлад бев луд не размилсувам многу за тоа. Работев напорно за да го направам она што треба да го направам за време на викендот, го проучувам противникот. Јас се подобрив во многу аспекти, особено во одбраната. Сега сум повеќе тимски играч, претходно бев повеќе индивидуалец, -посочува Шпанецот.

Воедно некогашниот член на Милан и Евертон ја искометира сегашната Барса.

-Среќен сум што играм и придонесувам кон тимот, ама секогаш сакате уште повеќе да направите. Ги постигнуваме нашите цели и така треба да продолжиме. Сега имаме многу важни мечеви пред Божиќ. Во лигата мора да продолжиме да победуваме, а во ЛШ  треба да обезбедиме пласман за следниот круг.

Facebook Коментари