Италија
Деулофеу доживува фудбалски кошмар цели две години: Се борам против нешто што е поголемо од биологијата!

Жерард Деулофеу последниот фудбалски меч го одигра пред точно две години, па иако во целиот овој период добиваше максимална поддршка од Удинезе, сега самиот клуб почувствува дека е крајно време да престане да биде товар за клубот, со кого реши спогодбено да го раскине договорот.
За да не биде дел од платниот список на италијанскиот клуб во ситуација кога неговата фудбалска иднина е неизвесна, популарниот Деулу реши да самоиницијативно да побара раскин на договорот со Удинезе, клуб кон кој чувствува посебна љубов и емпатија поради се она што го направи за него во изминатите три години.
Деулофеу последниот меч го одигра во јануари 2023-та година против Удинезе, но претходно беше во аут со месеци откако закрепнуваше од операција на предниот вкрстен лигамент.
– Го скинав предниот вкрстен лигамент пред повеќе од две години против Наполи, но успеав да се опоравам и да заиграм против Сампдорија. Лошите вести пристигнаа после тој меч, по кој знаев дека ми треба нова операција. После операцијата, заработив инфекција на ‘рскавицата и тоа е многу тешко за надминување. Коските се удираат една во друга и ова е многу полошо од нормална повреда.
– Се борам повеќе од две години против нешто што што е поголемо и што оди подалеку од биологијата. Сега се чувствувам подобро од пред неколку месеци, но не знам што ќе се случи во иднина. Отсекогаш имав извонредна врска со Удинезе, овој клуб ми значи многу поради начинот на кој ме третираше и поради тоа што ме чекаше. Ако се вратам на фудбалот еден ден, ќе се вратам носејќи го овој дрес, претставувајќи го овој клуб, но и овие фанови. Се договоривме да го прекинеме договорот, но нашата врска останува специјална, – потврди Деулофеу.
-
НБА8 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Англија9 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија10 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија8 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија23 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
НБА6 часа
Маестро Дончиќ режира кошаркарски магии и во лоша НБА вечер (Видео)
-
Лига на шампиони5 часа
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука
-
Лига на шампиони9 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)