Поврзете се со нас

НБА

Детроит го отпушти тренерот една година откако му обезбеди рекорден договор

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DetroitPistons

Монти Вилијамс денеска заработи отказ од Детроит Пистонс, со што второ лето по ред останува без клуб во НБА лигата.

По ланската разделба со Феникс Санс, Вилијамс сега е отпуштен и од Детроит, иако беше доведен да започне долгорочен проект со повеќе млади играчи на располагање.

Детроит го израмни НБА рекордот со 28 натпревари без победа, а ја заврши сезоната со најлош ефект, односно 14 победи и 68 порази.

Во пресрет на веќе завршената сезона, Детроит беше упорен да го ангажира Вилијамс, па за таа цел му обезбеди и рекорден договор тежок 78 милиони долари за шест сезони.

Година подоцна, Вилијамс повторно е без ангажман, а Детроит наскоро ќе добие нов предводник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни