Поврзете се со нас

НБА

Детроит беше ограбен во последниот напад, тренерот Вилијамс збесна: Немало полоша одлука, ова не смее да се случи во НБА (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/DetroitPistons

Најновата НБА програма беше доста скромна и не баш атрактивна за најверните фанови, но од четирите одиграни средби, убедливо најинтересна и највозбудлива беше онаа во Медисон Сквер Гарден.

Детроит е најлош тим во поновата историја на НБА лигата и бележи ужасни резултати од самиот старт на сезоната, па дефинитивно нема потреба и судиите да носат одлуки против тимот на Монти Вилијамс.

Токму тоа се случи рано утрово, бидејќи Детроит беше на секунди од победа над Њујорк Никс, но остана без истата бидејќи во последниот напад судиите донесоа целосно погрешна одлука.

Топката три пати беше во посед на играчите на Детроит, но судиите проценија дека нема фаул над Аусар Томпсон (кој беше очигледен), па Њујорк доби шанса да поведе и на крајот да победи со 113:111.

Ваквиот развој на настаните го разбесни обични мирниот Монти Вилијамс, кој по мечот распали по судиите и посочи дека Детроит како франшиза испратил жалба со видео докази.

– Ова е апсолутно најлошата одлука од стартот на сезоната, ова не може да се нарече одлука. Што е доволно, доволно е…… Го направивме вистинскиот потег, се јавивме во НБА лигата, пративме видеа од грабежот. Преку глава ни е од слушање на исти работи цело време. Имавме убава шанса да победиме на еден меч, противникот се заби во нозете на Томпсон и не беше досуден фаул. Тоа беше гнасно за мене, ова не смее да се случи во НБА лигата, – изјави Вилијамс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни