Поврзете се со нас

Шпанија

Детето на Чави и Барса ќе се докажува на „Месталја“: Разговарав со Гатузо и очекувам да играм уште во недела (Фото)

Објавено

на

Барселона допрва ќе треба да ги регистрира новите засилувања пред самиот старт на новата натпреварувачка сезона, но во меѓувреме, управата на клубот продолжува со ослободувањето на играчи кои не се во плановите на Чави Ернандес.

Еден од оние за кои имаше големи дилеми дали да остане е Нико Гонзлес, младиот играч за врска кој минатата година доби голема минутажа и имаше доста шанси, но кој сепак стана прекуброен поради големата конкуренција и звучните засилувања кои пристигнаа ова лето.

Нико замина на едногодишна позајмица во Валенсија без право на продажба и веќе пристигна кај „лилјаците“, а првата негова порака беше поврзана за разговорот со Џенаро Гатузо.

– Многу сум среќен што пристигнав во Валенсија, имав голема желба и страст да дојдам тука. Со нетрпение очекувам да започнам. Очекувам да имам минутажа уште оваа недела во првото коло. Разговарав со Гатузо и првиот контакт со тренерот беше многу добар, – изјави Нико, кој испрати и порака до Барселона преку социјалните мрежи.

– Ова не е збогување, ова е довидување. На свои 20 години, потребно ми е да играм и да имам минутажа за да растам како играч и поради тоа решшив дека најдобро е да играм за друг клуб оваа сезона. На каталонците, тимот и фановите им ја посакувам цела среќа на светот во обидот да се стигне до титули. Се гледаме за една година, – порача Нико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни