Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Детали за шокот во Загреб: Мандиќ бил нокаутиран од Кос, на Србинот му се заканува и кривична пријава

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/RKZagreb

Хрватските медиуми објавија дополнителни детали за шокантниот инцидент во соблекувалната на ракометниот клуб Загреб, по кој еден ракометар итно бил пренесен во болница, а двајца членови на хрватскиот шампион се суспендирани до крајот на годината.

Во центарот на вниманието е српскиот репрезентативец Милош Кос, од кого почнал целиот хаос и на кого му се заканува дури и кривична пријава за физички напад.

По поразот од Нант на домашен терен, Кос незадоволен од критиките кои ги добил од Милан Мандиќ, го удрил соиграчот со силна тупаница, по што овој се струполил на подот и останал без свест.

Откако не успеале навреме да спречат инцидент, другите ракометари реагирале рефлексивно, а хрватскиот репрезентативец Звонимир Срна на сличен начин го удрил Кос.

Мандиќ поминал најлошо затоа што е итно опериран бидејќи заработил фрактура на коска на лицето, па сега ракометарот на Загреб веројатно ќе мора да го пропушти настапот на СП.

Срна ќе помине со одредена казна, но и оправдание дека го бранел соиграчот, додека хрватските медиуми потенцираат дека епизодата на Кос во Загреб е завршена и тој ќе мора да си бара нова средина.

„Вечерњи лист“ потенцира дека целата ситуација е апсурдна, затоа што Кос и Мандиќ биле големи пријатели многу години наназад. а нивните родители заедно го следеле натпреварот на трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни