Поврзете се со нас

Репрезентација

Детали за новите дресови на македонската репрезентација: „Ново сонце изгреа” (ФОТО)

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација утре го отвара квалификацискиот циклус за Европското првенство и тоа со пресметка против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Пред овој меч ФФМ на Македонија и нашите репрезентативци ги претставија новите дресови, новата унифирма која ќе ја имаат и ќе ја носат во наредниот период. Има три варијанти кои ФФМ на Македонија ги официјализира со слоганот „Ново сонце изгреа”.

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија.
Дизајниран од нашата Рахила Илиев и Мартин Филиповски, новиот дизајн останува верен на македонското фудбалско наследство.
Резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост -стои во постот на нашата федерација со новите дресови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни