Англија
Детали од страшниот инцидент: Антонио речиси еден час бил „заробен“ во смачканото Ферари (Фото)

Подготовките на Вест Хем за понеделничкиот натпревар против Вулверхемтон тргнаа на најлош можен начин овој викенд, бидејќи една од најголемите ѕвезди на тимот се погрижи за инцидент кој стана топ тема на Островот.
Мајкл Антонио предизвикал страшна сообраќајна несреќа со своето моќно Ферари и целосно го смачкал својот скап автомобил, а единствена добра вест од целата оваа немила сцена е што фудбалерот минал без животозагрозувачки повреди.
Сликите кои беа споделени во јавноста укажуваат на тоа дека ударот бил неверојатно силен и застрашувачки, па слободно може да се каже дека Антонио избегнал голема трагедија во дадената ситуација.
Доказ за тоа е и официјалното соопштение на спасувачката екипа за итни ситуации која пристигнала на лице место, а која морала да интервенира речиси еден час за да го извади заробениот фудбалер од автомобилот.
– Екипите беа повикани на терен во 13 часот и 2 минути во саботата попладне. Пожарникарите пријавија дека маж останал заробен во неговиот автомобил и работеле на негово ослободување до 13 часот и 45 минути. Повредениот човек веднаш бил ставен во возило за Брза помош и итно пренесен во болница, – гласи соопштението на итната служба.
Вест Хем како клуб соопшти дека Антонио е во стабилна ситуација по претрпениот шок, но побараа од јавноста да се почитува приватноста на фудбалерот, но и неговото семејство.
Michail Antonio has been involved in a serious car crash in Essex near London and got airlifted to hospital. Terrible news, hoping for the best 🤞🏼 pic.twitter.com/6zTCORkbQK
— Football Hub (@FootbalIhub) December 7, 2024
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини