Поврзете се со нас

Англија

Детали од договорот на Онана: Интер ќе добие фиксни…

Објавено

на

Андре Онана по само една година си заминува од Интер и Италија и се сели во редовита на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Оваа зделка се уште е е официјализирана, но само прашање на време е кога клубовите ќе се огласат и ќе ја потврдат веста за која известија сите светски медиуми.

Во јавноста има различни информации за тоа колку пари ќе изнесува целата операција, па реномираниот новинар Џанлука Ди Марзио ги искористи своите контакти, вести за да соопште детали од зделката. Неговиот извор вели дека Интер ќе заработи фиксни 52,5 милиони евра, сметка на која можат да легнат уште 5 милиони евра кои се лесно остварливи.

Камерунецот пак ќе добие петгодишен договор според кој ќе стави во „џеб“ по 7 милиони евра по сезона.

Онана имаше 19 „чисти мрежи“ минатата сезона, прими само 36 гола на 41 натпревар во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни