Поврзете се со нас

Шпанија

Дест по поразот од Реал: Бесен сум…

Објавено

на

Сержињо Дест ги одигра сите 90 минути на дуелот со Реал Мадрид и со тоа стана првиот Американец кој играл на „Ел Класико“.

Меѓутоа бекот нема по добро да го памети своето деби во дуелите со „кралевите“ со оглед на тоа што неговата Барселона го загуби овој дуел со 3-1.

-Ова беше тежок меч, имавме шанси, тие имаа шанси. Штета е што загубивме. Мое прво „Ел Класико“, бесен сум што загубивме. Беше мое прво Ел Класико, убав меч за играње, штета што загубивме против Реал, -истакна Дест кој смета дека сега треба да се посветат на пресметката со Јуве во ЛШ.

-Имаме натпревар во среда против Јувентус и 100 проценти треба да го добиеме. Мора да продолжиме. Мора да победиме на следните мечеви. Следи Јувентус во ЛШ, треба да победиме и го вратиме тимскио дух, -заврши Дест кој ова лето од Ајакс пристигна во таборот на шпанскиот вицешампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни