Поврзете се со нас

Одбојка

Деспотовски му се приклучи на националниот состав, одбојкарската репрезентација е комплетна

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација доби уште еден адут за квалификациите за Европското првенство, а тоа е Филип Деспотовски.

Деспотовски му се приклучи на националниот состав што значи дека сега пополнета е и позицијата техничар, па сега останува само уште Филип Маџунков да ја санира повредата на коленото. Средниот блокер повеќе нема болки во коленото, меѓутоа поради претпазливост не тренира со максимален интензитет, ама се очекува тој да настапи на пријателските средби против Бугарија во Софија.

Да посетиме македонските одбојкари ќе одиграат уште два натпревари со источниот сосед, мечеви кои ќе биде последна провера, загревање пред квалификациите за ЕП кои се на програмата од 11 до 16 јануари во арената „Бoрис Трајковски“ во Скопје, а противници ни се Турција и Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни