Поврзете се со нас

Италија

Десниот бек за кој Ибра преговараше со месеци конечно пристигна во Милано (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/acmilan

Милан стратешки планира да го засили својот тим за новата натпреварувачка сезона и трпеливо ги бира играчите кои сакаат да бидат дел од новиот проект на Пауло Фонсека, но „росонерите“ со својата стратегија јасно ставија до знаење дека нема да исполнуваат сечии желби и дека ќе се расфрлаат со пари.

Поради нелогични провизии кои ги бараше агентот на холандскиот напаѓач, Милан се откажа од потписот на Џошуа Зиркзе и наместо него го донесе Алваро Мората, а после тоа, Златан Ибрахимовиќ го договори и Страхиња Павловиќ.

Како што стојат работите, Милан во текот на денешниот ден ќе го потврди и третото летно засилување, а тоа е играч за кој Ибрахимовиќ преговараше со месеци.

Италијанскиот клуб долго се „ценкаше“ и чекаше вистински попуст од Тотенхем, но на крајот дочека намалена цена и за вкупна сума од 17 милиони евра ќе добие нов десен бек.

Емерсон Ројал доцна синоќа пристигнал во Милано и бил уловен на аеродромот во градот на модата, па за денеска се закажи и медицинските прегледи по кои и официјално ќе стане дел од семејството на „црвено-црните“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни