Поврзете се со нас

Европски првенства

Десната страна на Шпанија е специфична: Хесус Навас е постар од таткото на Јамал, има одиграно…(ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија ќе се обиде да стигне до финалето на Европското првенство, но за да се случи тоа ќе мора да ја совлада Франција без тројца стандардни првотимци на овој шампионатот, Дани Карвахал и Робин Ле Норман кои се суспендирани, плус Педри Гонзалес кој е повреден и го очекува одредена пауза од терените.

Ова значеше дека селекторот Де Ла Фуенте ќе мора да бара нови решенија, најлесен беше случајот со Педри кој беше заменет со Дани Олмо. Логична секако беше и одлуката Начо Фернандез да го замени Ле Норман, но останува да видиме како ќе биде на таа десна бековка позиција која ќе ја покрие ветеранот Хесус Навас.

Навас има 38 години и ќе мора на таа страна да се справи со Мбапе, присутен ќе биде Ернандес, а тука е и Рабио.

Тој дефинитивно ќе мора да добие соодветна помош од тинејџерот Ламин Јамал кој има 16 година и за кого ова дефинитивно е најголемиот натпревар во досегашната кариера.

Токму за таа десна страна на Шпанците има коментари, факти, па така Навас според возраста може да му биде татко на Јамал, впрочем тој е постар од таткото на ѕвездата на Барселона.

Хесус имал одиграно 125 натпревари и освено три трофеи со Севилја пред напаѓачот да се роди…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни