Дешифрирани зборовите кои Пеп му ги упати на главниот судија Оливер по крајот на дербито (Видео)

pep-din

Пеп Гвардиола имаше само позитивни зборови за изданието на својот тим на жешкото гостување на „Енфилд Роуд“, стадион кој уште еднаш го нарече како најтежок за игра со оглед на противникот, но и фантастичната атмосфера која ја создаваат фановите на Ливерпул.

Шпанскиот стручњак беше прилично мирен и сталожен за време на давањето изјави, но ако во микс-зоната и на прес-конференцијата не сакаше да дава директни изјави за одлуките на судиите, мора да се напомене дека беше прилично бесен на теренот. Пеп најпрво се изнервира откако главниот судија Оливер не покажа на белата точка и по второто играње со рака во шеснаесетникот на Арнолд, но големо внимание предизвика и неговата реакција по крајот на мечот.

Менаџерот на Сити го бараше главниот судија Мајкл Оливер, на кого иронично во повеќе наврати му порача „Многу ти благодарам, многу ти благодарам“….

Facebook Коментари