Поврзете се со нас

Свет

Дешамп за случајот Погба: Многу сум изненаден…

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп даде свој коментар за последните случувања со Пол Погба кој имаше позитивен допинг тест.

Погба паднал на допинг тестот по мечот со Удинезе и се наоаѓа во незгодна ситуација, поточно и кариерата му е загрозена со оглед на казната што може да ја добие поради прекршување на правилата.

-Секако дека сум многу изненаден, но немам што да судам за работата. Тој има многу работи, ова е тешко време. Ќе имам време да разговарам со него во следните неколку дена, веќе му испратив порака, -истакна Дешамп кој не верува дека играчот за врска свесно земал забранета супстанца.

-Не можам тоа да го замислам, знаејќи го знам дека немал тоа да го направи. Има силна глава на рамениците. Се сеќавам на дискусиите што ги имавме за вакцината против Ковид. Но, супстанцијата е во неговото тело и не знаеме како таму стигнала, -заврши предводникот на „триколорите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни