Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп за пристапот на Французите: Не сакавме да паднеме во нивната стапица

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Францускиот селектор Дидие Дешамп и денеска добил многу прашања во однос на играта и пристапот на „триколорите“ на дуелот со Белгија, но минималната победа е доволен аргумент за искусниот стручњак да ги промовира своите ставови како исправни.

Неговата селекција повторно не постигна гол од игра, односно единствениот погодок беше автогол на Вертонген, а Дешамп вели дека Франција морала да биде внимателна, исто како и противникот.

– Белгија играше многу внимателно, иако на хартија имаа офанзивен состав.

– Ние креиравме повеќе шанси иако игравме трпеливо, не сакавме да паднеме во нивната стапица. Мислам дека генерално одигравме добро, иако би сакал да креираме уште повеќе шанси.

– Што се однесува до голот, за да добиете автогол, најчесто некој треба претходно да шутира кон нивниот гол. Она што може да ни се замери е што поседуваме квалитет за многу повеќе голови, – рекол Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни