Поврзете се со нас

Франција

Дешамп за наследникот на клупата на Франција: Тој е природен избор

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Дидие Дешамп веќе најави дека ќе се повлече од селекторската функција во француската фудбалска репрезентација, а и самиот смета дека се појавува еден главен кандидат за негов наследник.

Светското првенство во 2026 година ќе биде последно натпреварување на кое „триколорите“ ќе бидат предводени од Дешамп, а актуелниот селектор во интервју за „Лекип“, зборувал и за својот евентуален наследник.

– Зидан е одлично и природно решение, па би рекол и предвидлив кандидат за мојата позиција.

– Сепак, останува тој и претседателот на федерацијата да се договорат за такво нешто, искрено не знам дали Зизу е заинтересиран за функцијата, – рекол Дешамп, кој негирал и дека има конфликт со поранешниот колега од националниот тим.

– Меѓу нас постои сериозен респект, последен пат се сретнавме во 2023 година и очекувам тоа да се случи и наредниов период, – рекол Дешамп, кој за „Лекип“ ги открил и причините за одлуката за повлекување.

– Не сум уморен или исцрпен, но мислам дека моето време на оваа функција истекува. Сите добри работи некогаш завршуваат, – вели Дешамп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни