Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп за мајсторијата на Јамал: Имаше среќа…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Франција го заврши настапот на Европското првенство и тоа во полуфиналето во кое подобра од нив беше селекцијата на Шпанија која славеше со 2-1.

„Галските петли“ први зададоа удар, но ова како да беше дополнителна мотивација за Шпанците кои возвратија и за кратко време го свртија резултатот што на крајот се покажа како пресуден за конечниот резултат во Минхен.

Главен во тој пресврт беше талентираниот Ламин Јамал кој постигна навистина атрактивен, магичен погодок со кој стана најмладиот стрелец во историјата на европските шампионати.

И додека сите му доделуваат комплименти за тој потег, францускиот селектор Дидие Дешамп порача дека голот бил на среќа.

-Неговиот удар беше прекрасен. Имаше многу среќа, но не треба да му ја одземеме заслугата.

-Очигледно бевме еден предалеку зад него. Шпанците имаат многу добри напаѓачи надвор од шеснаесетникот. Му дадовме малку премногу слобода, -порача Дидие кој како што стојат работите ќе продолжи да биде селектор на „триколорите“ и покрај бледите изданија на националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни