Поврзете се со нас

Франција

Дешамп во одбрана на Мбапе: Фудбалерите можат да прават што сакаат во слободното време

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе и натаму е топ тема во француската фудбалска јавност и така ќе биде барем до следниот „прозорец“ за настап на националните тимови.

Првично реакциите се појавија откако селекторот Дидие Дешамп реши да ја ослободи ѕвездата на Реал Мадрид од обврските на октомвриските натпревари, а вториот бран дојде откако Мбапе беше уловен како се забавува во дискотека во Стокхолм истата вечер во која неговите колеги играа против Израел во Лигата на нации.

– Килијан излегол навечер?

– Тој ја следи програмата на својот клуб, така што не знам дали бил излезен, дали смее или не да направи такво нешто.

– Ние се занимаваме со оние кои се во националниот тим, но можам да кажам дека Мбапе ми испрати порака во пресрет на дуелот со Израел.

– Ако еден фудбалер добил слободен ден од својот клуб, може да прави што сака, – изјавил Дешамп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни