Поврзете се со нас

Свет

Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!

Објавено

на

Дидие Дешамп ниту еднаш не го повика Карим Бензема во националниот тим по големиот скандал меѓу него и Метју Валбуена, без оглед на статусот кој го има францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, каде повеќе од една деценија игра на врвно ниво.

Францускиот селектор процени дека присуството на Карим во репрезентацијата ќе влијае негативно врз групата, па ако се гледа реално на работите, никој не може да му забележи за ваквата одлука, бидејќи Франција во 2018-та година стана светски шампион на импресивен начин на мундијалот во Русија.

Дешамп доста вешто се обидува да ја избегнува темата за првиот напаѓач на Реал Мадрид, но сега во последното интервју за „РТЛ“ призна дека никогаш нема да ги заборави зборовите на Карим кој многу го погодиле.

Откако стана јасно дека нема да добие повик од селекторот, Бензема во едно интервју нагласи дека одлуките на Дешамп се засноваат од расистички предрасуди поради тоа што тој има потекло од Алжир, констатација за која Дидие сега искрено се отвори.

– Таа негова изјава остави силен печат. Иако се вели дека со времето се заборава, јас не можам да ја заборавам. Не се однесува само за Карим Бензема. После таа негова изјава, следеа неколку слични и тоа направи да има насилнички напади кон моето семејство. Кога се коментира за нешто тактичко, нешто техничко во фудбалот, тогаш воопшто не ми е важно и прифаќам секакви коментари. Но, неговите зборови ја преминаа границата. Го повреди моето име, моето семејство. За мене тоа е неприфатливо, со такви зборови, терате одредени луѓе на агресија, на вербален или физички план. Се уште имам последици од тоа, не можам да го заборавам. Никогаш нема да го заборавам тоа што го кажа Бензема, – изјави Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни