Поврзете се со нас

Свет

Дешамп со жестока критика до Премиер лигата и Примера: Јасно е зошто продолжуваат

Објавено

на

Претседателот на Лион е бесен поради тоа што француската Федерација одлучи премногу рано да го суспендира првенството и да му ја додели титулата на ПСЖ, особено откако се виде дека останатите земји вложуваат напори за да се доиграат сезоните.

Германија веќе ја стартуваше Бундеслигата, шпанската Примера се очекува да биде втората на програмата, додека пред одредување на краен датум се и Серија А и Премиер лигата.

Рестартирањето на четирите првенства ќе ја остави Франција како единствена која предвреме се откажа од топ 5 лигите во светот, но иако пристигнуваат  големи критики на сметка на Федерацијата, селекторот Дидие Дешамп смета дека тоа било вистинскта одлука.

Предводникот на „триколорите“ потенцира дека претседателот Ле Грае постапил правилно што го ставил здравјето на играчите пред парите, нешто што според него не е случај во Шпанија или Англија.

– Една работа е нелогична. Шпанија и Англија ги задржаат првенствата во машка конкуренција, но не и во женска конкуренција, лиги во кои нема толку пари. Со ова се се кажано и јасно е дека се продолжува поради пари и бизнис, – потенцира Дешамп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни