Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп: Се знае кој е најдобар тим на ова Европско првенство

Објавено

на

Foto:instagram.com/equipedefrance

Дидие Дешамп одново го одведе францускиот тим во една завршна фаза на големо натпреварување, па така останува во игра за прва европска титула како селектор на „триколорите“.

Франција вчера ја победи Португалија во пенал рулетот и закажа мега дерби во полуфиналето против Шпанија, а Дидие е свесен дека предизвикот ќе биде уште поголем во следната рунда.

Шпанија го игра најдобриот и најдопадлив фудбал на турнирот во Германија, па откако вчера го елиминираше организаторот, важи за главен фаворит за титулата.

– Се знае кој е најдобар тим на овој турнир. Тоа е Шпанија без никаков сомнеж. Ќе играме против нив во полуфинале, засега сите работи им одат како под конец, но не планираме да се предадеме.

– Имаме време да се опоравиме од тешкиот меч и сигурно ќе дадеме се од себе. Ќе бараме нова шанса за финале на големо натпреварување. Гледав неколку меча на Шпанија и навистина мора да им се симне капа за тоа како играат, – изјави Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни