Поврзете се со нас

Свет

Дешамп се налути на новинарско прашање и го посочи најдобриот шпански играч: Цела игра ја темелат врз него

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Франција ќе игра полуфинале против Шпанија утревечер на „Алијанц арена“ во Минхен, натпревар на кој „триколорите“ ќе го бараат првиот гол од игра на овој шампионат.

Иако не брилјираат со својата игра, актуелните светски вицеешампиони и натаму се живи и се во игра за трофејот, а нивни противник ќе биде најдобриот тим во досегашниот тек на шампионатот.

Пред пресметката со „фуријата“, Дешамп доби прашање дали е загрижен за неинвентивниот фудбал и досадната игра која ја негува неговиот тим, по што францускиот селектор го повиши тонот и очигледно се налути на новинарското прашање.

– Дали сте сигурни во тоа што го велите? Ако ти е досасадно да не гледаш, ти препорачувам да гледаш друга работа. Никој не е обврзан да ги гледа натпреварите на Франција. Ова е тежок турнир и тешко е да играте против било кого. Не ми е грижа за што се зборува во јавноста.

– Загрижен сум само за Шпанија. Сите шпански тимови имаат квалитет да играат со тројца играчи во средина. Дури и кога не игра Педри, тие го имаат Олмо. Тие доминираат на натпреварите благодарение на средниот ред. Пред се, посебно до израз доаѓа Родри, тој е клучен и најдобар играч на Шпанија. Се потпираат на неговиот квалитет од стартот на турнирот и не чуди што се тимот кој најмногу доминира на натпреварите, – изјави Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни