Поврзете се со нас

Италија

Дешамп повторно го игнорираше Тео Ернандес

Објавено

на

Францускиот селектор Дидие Дешамп денеска го објави составот на фудбалери кои треба да се појават на подготовките за претстојните квалификациски натпревари, а на истиот повторно го нема Тео Ернандес.

Бекот на Милан јавно призна дека со нетрпение го очекува првиот повик од Дешамп, но францускиот селектор реши и овој пат да го игнорира Тео.

Дешамп објави список со 26 фудбалери, меѓу кои не е членот на Милан, а се наоѓа неговиот брат Лукас Ернандес.

– За мене е сон да играм заедно со брат ми во француската репрезентација, двете сезони во кои сум тука секогаш играм за да се наметнам за националниот тим. Секогаш го држам телефонот во рака, – изјавил фудбалерот на Милан.

Францускиот селектор повика само еден фудбалер од Серија А и тоа Адријан Рабио од Јувентус.

Актуелниот светски првак во овој квалификациски прозорец ќе игра со Украина, Казахстан и Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни