Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп повторно ги „измеша картите“ во нападот на Франција, Опенда првпат стартер во белгискиот состав

Објавено

на

foto:x.com/equipedefrance

Франција и Белгија од 18 часот ќе го одиграат осминафиналниот дуел на ЕП во Германија, во едно од поинтересните соочувања во оваа фаза, во која веќе добивме и четири четвртфиналисти.

Францускиот селектор Дидие Дешамп повторно направи промени во нападот, па за разлика од претходниот меч, Антоан Гризман ќе биде повторно стартер, а во напаѓачкото трио нему и Килијан Мбапе ќе им се придружи Маркус Тирам.

Рабио, Канте и Чуамени ќе играат од првата минута во средниот ред, а нема промени во одбраната и на голот каде е Мењан.

Белгија првпат ќе стартува со Опенда во нападот, а тука се и стандардните Доку и Лукаку, триото кое треба да биде најопасно за француската одбрана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни