Поврзете се со нас

Лига на нации

Дешамп повика еден дебитант и „прецрта“ ѕвезда на Милан за Лигата на нации

Објавено

на

Францускиот селектор Дидие Дешамп денеска го објави списокот за претстојните натпревари во Лигата на нации, а на него има само еден дебитант.

Се работи за Бубакар Камара, фудбалер на Олимпик Марсеј, кој може да добие прва шанса во редовите на актуелниот светски првак на еден од четирите јунски дуели.

На списокот со 24 играчи го нема ветеранот Оливие Жиру од Милан, кој ќе ги пропушти овие натпревари во Лигата на нации. Француските медиуми најавуваат дека Жиру е се подалеку од националниот тим и веројатно ќе го пропушти и СП во Катар.

Французите имаат силни противници во Данска, Австрија и Хрватска, селекција со која ќе одиграат две средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни