Поврзете се со нас

Светски првенства

Дешамп планира една замена за дуелот со Данска

Објавено

на

Франција имаше посакуван почеток на мундијалот со победата над Австралија, но Данска ќе биде многу поквалитетен противник и посериозен ривал за актуелниот шампион.

Медиумите веќе ја најавуваат формацијата на селекторот Дидие Дешамп, а најавена е и една промена во офанзивниот дел од составот.

Се очекува местото на Усман Дембеле да го заземе Кингсли Коман, а причината е во тоа што играчот на Баерн може да покрива подобро во дефанзивната фаза од играта. Дешамп очекува повеќе напади на Данците по левата страна, па сака да ја засили играта во дефанзива со повлекувањето на Коман.

Повредата на Лукас Ернандес значи дека Демамп ќе направи и една принудна промена, а се очекува повторно шанса да добие неговиот брат Тео, кој го замени и откако заработи повреда на дуелот со Австралија.

Натпреварот Франција-Данска се игра во сабота од 17 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни