Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп откри зошто се премислил и го повикал Бензема во репрезентацијата

Објавено

на

Дидие Дешамп израдува многу француски фудбалски фанови откако по долго време го повика Карим Бензема во националниот тим.

Селекторот со кој Французите станаа светски прваци досега ја игнорираше одличната форма на напаѓачот на Реал Мадрид, но сега се реши да го вклучи Бензема на списокот 26 фудбалери за настап на Европското првенство.

Дешамп на новинарите им објаснил дека одлуката ја донел по долго размислување, но и откако имал квалитетен разговор очи во очи со Бензема.

– Зошто го повикав сега? Никој нема капацитет да се врати назад и да ги промени работите, најважно е што се случува сега и што ќе се случува утре.

– Постоеја одредени важни чекори, посебно нашиот долг разговор, по кој јас ја донесов одлуката. Нормално нема да откријам детали од разговорот. Репрезентацијата не е моја приватна сопственост и никогаш не се ставам себеси пред интересите на репрезентацијата, – изјавил Дешамп.

На прашањето како Бензема ќе се воигра експресно со другите членови на репрезентацијата, Дешамп има своја визија.

– Со квалитет, интелигенција и талент може да се стигне далеку. Бензема сигурно не доаѓа за да седи на клупа, – рекол францускиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни