Поврзете се со нас

Лига на нации

Дешамп откри зошто не го повикал Жиру за дуелите од Лигата на нации

Објавено

на

Foto:instagram.com/equipedefrance

Францускиот селектор Дидие Дешамп вчера го објави списокот со 24 фудбалери за натпреварите во Лигата на нации, а најважната промена е отсуството на Оливие Жиру.

Искусниот напаѓач на Милан не е во комбинација за јунските натпревари, а Дешамп ја образложил својата одлука со искрен одговор.

– Историјата покажува дека кога одреден фудбалер го губи претходниот статус во националниот тим, за него е многу тешко да се справи со ситуацијата.

– Не говорам само за Жиру, туку за било кој фудбалер, затоа што докажаните играчи мора да имаат одредена улога. Во спротивно, може да има негативни последици по нив и екипата, – изјавил Дешамп.

Франција во јунскиот циклус игра со Данска, Австрија и два пати со Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни