Поврзете се со нас

Англија

Дешамп откри зошто не го игра клучниот играч на Арсенал: Не ми се допаѓаат некои работи кај него!

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Дидие Дешамп има неколку играчи во кои има голема доверба и обично ретко прави промени во стартната постава, а поставената хиерархија не е баш добра за најдобриот стопер на Арсенал.

Вилијам Салиба е вистински командант во одбраната на „топчиите“ и во Англија на него гледаат како на еден од најдобрите стопери во светот, но тоа не го мисли и францускиот селектор кој им дава предност на играчи како Упамекано, Конате и Павар.

Дешамп во своето последно обраќање призна дека воспоставената хиерархија не му оди во прилог на Салиба, но исто така не пропушти да нагласи дека има и потези кои не му се допаѓаат кај централниот дефанзивец.

– Салиба има добра сезона во Арсенал, но понекогаш прави работи кои не ми се допаѓаат. За Франција има лимитирана минутажа, но дури и кога игра, тоа не одеше баш добро за него и за тимот.

– Воспоставената хиерархија не му оди во прилог во моментов, но тој е дел од тимот. Упамекано е тој што добива предност и Салиба добива помала минутажа. Со одредени играчи се обидувам да бидам истраен, бидејќи еден момент и менување на самодоверба можат да направат разлика во ситуацијата, – вели Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни