Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп откри дека скршениот нос не е единствениот проблем на Мбапе на ова ЕП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Франција без постигнат гол од игра се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, па дел од јавноста испраќа сериозни критики за неинвентивниот и здодевен фудбал кој го игра тимот на Дидие Дешамп.

Французите засега погодуваа од пенали и добиваа услуга од ривалите кои си постигнуваа автоголови, а тоа ја доведува во прашање и формата на најголемата ѕвезда, Килијан Мбапе.

Францускиот капитен го скрши носот на првиот меч и од тој момент не изгледа на фудбалерот на кој сите навикнаа во фудбалска Франција, па сега Дешамп откри дека Килијан пристигнал и со еден друг проблем на турнирот во Германија.

– Мбапе веќе направи историја со своите изданија за Франција, но не сака да застане тука. Сака да продолжи да пишува историја и направивме се што можеме со медицинскиот тим да биде тука денеска со нас.

– Не е само носот, за време на подготовките, имаше проблем со грбот. И покрај се, Килијан е тука и останува достапен за тимот. Иако не е на 100 посто, знам дека и за ривалите е потешко кога знаат дека тој е на теренот, – вели Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни