Франција
Дешамп официјално потврди кога ќе се повлече од функцијата на француски селектор
Тоа што вчера ексклузивно го најави угледниот „Лекип“, денеска доби официјална потврда од самиот Дидие Дешамп, кој реши да и соопшти на цела јавност дека ги брои последните 18 месеци како селектор на „триколорите“.
Легендарниот Французин пред себе си постави уште една последна мисија како предводник на националниот тим, а тоа е Светското првенство во 2026-та година кое ќе се одигра во САД, Канада и Мексико.
– Не сум тука за да давам некое посебно соопштение. Тука сум од 2012-та година и предвидено е да го правам тоа до 2026-та година, до следниот мундијал. Таму ќе го означам крајот, бидејќи беше јасно дека еднаш мора да дојде крајот. Во мојата глава имам јасни мисли, ја извршувам оваа функција со најголема одговорност, а со истата страст ќе останам до последниот ден. Сметам дека е вистинско време за збогум по крајот на Светското првенство.
– Никогаш не сакате да заврши нешто толку убаво, но сепак треба да го одредите вистинскиот момент и да пресечете. Има живот и после фудбалот. Не знам што чека животот за мене понатаму, но знам дека ќе ми биде добро.
– По крајот на мундијалот ќе означам 14 години како селектор на репрезентацијата, а тоа е навистина многу време. Не сум тука за да уривам рекорди, тука сум за да одговорам на високите барања. Најважно е Франција да остане при самиот светски врв каде веќе е неколку години, – потенцира Дешамп.
Aux commandes des Bleus depuis 2012, le plus grand sélectionneur de l’histoire de l’Équipe de France tirera sa révérence après la Coupe du Monde 2026 💙#FiersdetreBleus pic.twitter.com/S19Wvwzopu
— Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) January 8, 2025
-
Светски првенства14 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства24 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн