Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп обелодени со каков проблем се соочува Мбапе со заштитната маска: Го ограничува…

Објавено

на

foto: x.com/KMbappe

Франција својот последен меч од групната фаза го игра со Полска, меч во кој би требало да настапи Килијан Мбапе кој во првото коло заработи скршеница на носот, па го пропушти дербито со Холандија или поточно остана на клупата на резерви.

Мбапе ќе мора да оди на операција по крајот на турнирот, а во меѓувреме ќе игра со заштитна маска која дефинитивно му прави одредени проблеми за кои отворено говореше селекторот Дидие Дешамп.

-Проблем со дишење, не. Ама со видот, да. Малку го ограничува видот. Би требало да го штити во одредени ситуации, го ограничува аголот на гледање.

-Поголем ризик ако игра во средина? Не, контактите се насекаде, во сите дуели. Се зависи од позицијата. Мора да се навикнеш на тоа, се чувствува како да имаш 3D очила.

-Секој ден е подобро. Беше на нашите тренинзи. Модринката е многу намалена. Се навикнува на маската. Тој сака да игра, со нетрпение чека да игра. Тој сакаше да игра против Холандија и сака да игра [против Полска], -порача Дидие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни