Поврзете се со нас

Франција

Дешамп не може да повика една голема француска ѕвезда: Неговата ситуација е засрамувачка

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Дидие Дешамп денеска се соочи со француските новинари и медиумите од оваа земја ги пренесоа зборовите на селекторот на националниот тим, кој мораше да направи неколку принудни промени поради повредени фудбалери, но и да не селектира една ѕвезда која остана без клуб.

Адриен Рабио остана слободен агент два месеци по завршениот договор со Јувентус и се уште не си пронајде нова средина, нешто што изгледаше речиси невозможно на крајот на Европското првенство.

Рабио беше важен дел од составот на „триколорите“ и имаше навистина добра сезона во Јувентус, но сепак тој не се најде во плановите на Тиаго Мота и засега не пронајде проект кој ќе ги задоволи неговите стандарди.

Тоа прави да биде изоставен од националниот тим и да претрпи непријатен удар во оваа фаза од кариерата, по што Дешамп како селектор побара итно решавање на оваа помалку засрамувачка ситуација.

– Мора да кажам дека ситуацијата на Рабио стана засрамувачка. Имаше интерес од многу клубови и се поврзуваше со трансфер на сите страни, а сега не тренира со никого. Се надевам дека многу брзо ќе го реши ова прашање, се надевам дека брзо ќе избере клуб, по што ќе можам повторно да го вратам во репрезентацијата, – изјавил денеска Дешамп пред новинарите.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни