Поврзете се со нас

Франција

Дешамп не го повика Мбапе за Франција и порача: Тоа е моја одлука

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе го пропушти октомврискиот циклус во Лигата на нации и не играше на двата натпревари против Израел и Белгија, но капитенот сега нема да биде дел од „триколорите“ и во ноември.

Дидие Дешамп денеска го објави списокот на повикани фудбалери за ноемвриските предизвици против Израел и Италија во Лигата на нации, а убедливо највпечатливо е новото отсуство на Мбапе.

Дешамп минатиот месец откри дека Килијан не е дел од репрезентацијата поради решавање лични проблеми, но сега отворено призна дека неселектирањето е исклучиво негова одлука.

– Водев разговори со Килијан и јас ја донесов оваа одлука. Сметам дека во моментов е подобро за него да остане во Мадрид. Килијан сакаше да дојде да игра за репрезентацијата, оваа одлука е чисто моја.

– Разбирам дека оваа одлука ќе ја окупира цела спортска сфера во Франција, но се работи само за краток собир и не планирам да навлегувам во оправдувања за мојата одлука, – изјави Дешамп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни